Во Бангкок и натаму вонредна состојба

Тајландската влада денеска соопшти дека ја укинува вонредната состојба во уште три провинции, но не и во Бангкок. До ова дојде по скоро три месеци од завршувањето на опозиционите протести во главниот град на земјата. Строгите закони со кои се забрануваат јавни собири на повеќе од пет лица, а безбедносните сили имаат право без обвинение да држат осомничени во 30 дневен притвор се во сила во уште седум од 76 провинции во Тајланд. Тие беа воведени на 7 април како одговор на масовните анти владините протести во кои загинаа најмалку 90 луѓе а илјада и 900 беа повредени.