Повторно воведен полициски час во Кашмир

Индиските власти повторно го воведоа полицискиот час во неколку градови во провинцијата Кашмир, во обид да се прекинат демонстрациите кои траат веќе 2 месеци и во кои загинаа најмалку 55 луѓе. Протестите започнаа во јуни во престолнината а потоа се преселија и во другите градови и села. Демонстрантите велат дека протестите ќе продолжат и покрај започнувањето на светиот муслимански месец Рамазан. Во Кашмир, е поделен помеѓу Индија и Пакистан и двете држави тврдат дека имаат право над областа. Населението, кое е претежно муслиманско бара отцепување од Индија и создавање на независна држава или припојување кон муслиманскиот Пакистан.