Вооружените мажи во Пакистан во вториот напад убиле 6 работници, соопштуваат од тамошнат а полиција. Групата застрелала 6 работници додека бојадисувале некоја куќа во провинцијата Белиџистан. Во нападот биле повредени уште тројца работници. Сите жртви се од провинцијата Пенџаб. Претходно денеска, вооружените луѓе убиле 10 патници во еден автобус, кој се движел од Лахоре кон Кета. Ниту една група не ја презеде веднаш одговорноста за нападот.