Прва жртва на супербактеријата

Бактеријата НДМ1, отпорна на скоро сите антибиотици, усмртила во Белгија едно лице кое се вратило од Пакистан и заразила уште едно од Црна Гора, но тоа било излечено и се наоѓало во една белгиска болница. Ова денеска во Брисел го соопшти микробилогот Дени Пијерар. Според него, жариштето на бактеријата било во Пакистан.