Одбележување на девет годишнината од Охридскиот Рамковен Договор со кој се стави крај на конфликтот во 2001 година.
Со него се постави рамка за обезбедување на иднината на демократијата и развој на евроатланската перспектива на Македонија. Вицепремиерот задолжен за неговото спроведување Абдулаќим Адеми изјави дека е задоволен од неговата досегашна имплеметација, а договорот и натаму ја има поддршката од меѓународната заедница и политичките партии. Еден од креаторите на Рамковниот договор, професорот Владо Поповски вели дека законите кои според договорот требало да бидат донесени до 2004 година се усвоени, но останува практичниот дел. Според Поповски, иако Договорот донесе стабилизација на меѓуетничките односи, неговото нецелосно спроведување е поради субјективни причини.
„Сите интенции се на конзерватизам на сите страни, ограниченост на можностите и партиско политичките потреби за оддржување на позицијата при изборите или во борбата за власт, што ги ставаат партиите понекогаш малку понастрана од средиштето на Охридскиот договор, и тоа се случува и со македонските и со албанските партии.“
Професорот Љубомир Фрчкоски, кој исто така беше еден од творците на договорот, вели дека неговото спроведување се врши со кочница.
„Реторички се држат за него, не велат дека се против него, но го спроведуваат со кочница, посебно не се почитува еден принцип што е вграден во него, а се нарекува ,,дух“ на Охридскиот договор, а тоа е принципот на инклузивност, носење закони во области кои се однесуваат на фер третман на културата на другите.“
Претставникот на ПДП во склучувањето на договорот, Насер Зибери вели дека поминаа години од потпишувањето, а се` уште има доста работи што не се завршени и кои значат заживување на духот на Договорот.
„Доста имаме раселени лица, се` уште не се усогласени закони со Уставот, се` уште не е решено прашањето со припадниците на безбедносните сили и на припадниците на поранешната ОНА, така што гледано од оваа дистанца Рамковниот договор не се спроведе во духот и динамиката која што беше предвидена.“
Меѓународните мисии во земјава по повод одбележувањето на Рамковниот договор објавија заедничка изјава во која се вели дека договорот и релевантните уставни одредби остануваат неопходни во градењето на мирно, правично и сплотено мултиетничко општество и очекуваат сите учесници да ја поддржат примената на договорот и како текст, но и неговиот дух.
Реторички се држат за него, не велат дека се против него, но го спроведуваат со кочница.
„Сите интенции се на конзерватизам на сите страни, ограниченост на можностите и партиско политичките потреби за оддржување на позицијата при изборите или во борбата за власт, што ги ставаат партиите понекогаш малку понастрана од средиштето на Охридскиот договор, и тоа се случува и со македонските и со албанските партии.“
Доста имаме раселени лица, се` уште не се усогласени закони со Уставот, се` уште не е решено прашањето со припадниците на безбедносните сили и на припадниците на поранешната ОНА.