ЧЕЗ најави инвестиции од 70 милиони евра во Албанија

Чешката компанија ЧЕЗ, која лани стана сопственик на албанската Електродистрибуција најави дека во наредниве две години ќе инвестира 70 милиони евра во Албанија. Претставници на ЧЕЗ во Тирана соопштија дека ќе продолжат со инвестиции во правец на намалување на загубата на енергијата, зголемување на процентот на наплата и подобрување на квалитетот на услугите за потрошувачите.