САД загрижени за правата на религиозните заедници во Иран

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изрази загриженост за правата на малцинските религиозни заедници во Иран. Вчера иранските власти соопштија дека уапсиле седдумина лидери на малцинска религиозна група во земјата. Тие биле осудени на дваесет години затвор. Соединетите американски држави се посветени на одбраната на религиозните права и слободни во целиот свет, изјави Клинтон.