Забрането во Иран
Луда фризура - Властите ги предупредуваат Иранците против западно трендовските фризури. Во јули беше издадена листа на дозволени фризури според исламската вера. Прифатлива е само кратка коса.
Музика - Рокенрол, рап, и џез концерти се постојано присутни на андерграунд сцената во Техеран. Но, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Камнеи, на 2 август прогласи дека таа музика не е компатибилна со исламските вредности и не треба да се практикува во земјата.
Нестле - Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на 1 јуни ги повика Иранците да ги бојкотираат Нестле и другите западни брендови кои прават бизнис со Израел. Сепак, со оглед на тоа што Иранците сакаат слатки не се очекува тие и да го прифатат бојкотот.
Гласно смеење - Не, сериозно, гласната смеа во иранскиот Шираз Универзитет за медицински науки беше забранета на 10 мај, како дел од новиот кодекс на однесување на универзитетот. Помладата генерација на Иран, која претставува две третини од населението, често се противат на обидите на владата да го контролира нивниот приватен и јавен живот, вклучувајќи ги и облеката, фризурата и шминката.
ИБМ - Што има лошо во IBM? Па, тие прават бизнис со Израел. Иранскиот претседател Ахмадинеџад на 1 јуни побара од Иранците да ги бојкотираат IBM и другите западни брендови кои прават бизнис со еврејската држава.
Владини раководители кои пушат - Новите прописи одобрени од претседателот Ахмадинеџад во јули забранува раководители во владата да пушат. Одлуката е наменета за одржување на менталното и физичкото здравје на раководителите и доаѓа како дел од општата кампања против пушењето
Кока Кола - Нема Кока-кола? Навистина? Да. Ахмадинеџад на 1 јуни побара Иранците да ги бојкотираат Кока-Кола и другите западни брендови. Зошто? Веќе претпоставувате, работат со Израел.
Џорџ Сорос - Очигледно, финансиерот и филантроп Џорџ Сорос е во војна со Иран. Тоа е во согласност со иранското министерство за разузнавање кое во мај објави листа на 60 американски и меѓународните организации за кои се вели дека се вмешани во тивка војна против Исламската Република.
Високи потпетици - Дами, осигурајте се дека сте облечени пригодно доколку сакате да го посетите Универзитетот Шираз. На универзитетот е забрането носење високи потпетици, како дел од новиот код на однесување.
Џимеил - Иранската влада е ангажирана во сопствена војна против Фејсбук, Gmail и разни веб мрежи за размена на информации, бидејќи тие биле користени да се дистрибуираат слики и видеа за бруталното однесување на властите на протести во минатата година. Во последниве неколку месеци, властите го зголемија Интернет мониторингот.
Машини за печатње од Британија - Обединетото Кралство и Иран имаат особено затегната историја. Британската окупација не остави многу добри спомени меѓу Иранците. Така, на 1 август, владата забрани увозот на сите машини и алатки за печатње од Британија, бидејќи наводно, овие фирми активно ги поддржувале масовните немири во минатото лето по спорните претседателски избори во земјата.
Лак за нокти - На Шираз Универзитетот за медицински науки е забранет лак за нокти.