Русија ги засилува воените врски со Абхазија

Русија објави дека распоредила софистициран сиситем за антиракетна одбрана во грузиската отцепена република Абхазија, што веднаш наишло на протест од страна на Грузија. Грузиското министерство за надворешни работи го нарекло ова распоредување „екстремно опасен и провокативен чекор кој што е закана не само за црноморскиот регион, туку и за европската безбедност во целина“. Русија, по војната со Грузија, во 2008, постојано ги засилува воените врски со Абхазија како и со Јужна Осетија.