Животните трошоци зголемени од лани, а намалени од минатиот месец

Индексот на трошоците на животот во јули годинава е намален за 0,4 отсто во однос на претходниот месец, а во однос на јули 2009 година бележи пораст за 1,5 отсто.
Според Државниот завод за статистика, намалување на индексите во јули во однос на јуни 2010 е забележано во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 1,3 отсто, облека и обувки за 0,6 и транспорт за 0,4 отсто.
Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан кај рекреација и култура за 1,7 отсто, здравје за 1,4, останати стоки и услуги за 0,4, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 отсто, исто како и кај мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и ресторани и хотели.