Спасувачките екипи во индиската област Кашмир трагаат по 400 исчезнати луѓе за време на поплавите. Властите денеска соопштија дека бројот на жртви се искачил на 132-ца луѓе, а околу 500 се повредени. Илјадници полицајци и војници и други спасувачи сечат патишта за да може да стигнат до отсечените места и да му помогнат на населението. Во областа Ладак се наоѓаат и 2.000 странски туристи , за кои властитие оганизираат вонредни летови за да ги префрлат во Њу Делхи. Напорите на спасувачите да стигнат до отсечените места ги комплицира и калта која се наоѓа на патиштата а некаде достигнува висина и до 4,5 метри