7.200 верници за смена на поглаварот на ИВЗ

Преку една четвртина од муслиманите во скопското централно градско подрачје се потпишале на петицијата за смена на поглаварот на Исламската верска заедница, тврди Рамадан Рамадани од Иницијативата за смена на поглаварот на ИВЗ. Според него, на вкупно шест јавни пункта за пет работни денови Иницијативата ја поддржале 7.200 верници, муслимани од сите етнички заедници, членови на ИВЗ од 21 џамија во Скопје. Рамадани вели дека сега останува само да се спроведе анкетата на национално ниво.