Иран сака тајно да ја погуби жената осудена за прељуба

Иранката која е осудена на смрт со каменување, заради прељуба вели дека иранските власти се засрамени од внимането кое го предизвика нејзиниот случај и затоа сакаат да ја погубат тајно. Во интервјуто направено со посредник во британскиот весник „Гардијан“ жената вели дека властите сакале да се ослободат од нејзиниот адвокат, а потоа лесно да ја обвинат за што сакаат. Нејзиниот адвокат, Мохамед Мостафаи, избега во Турција и побара азил. Иранката изјавила и дека со неа властите се однесувале лоши и побарала меѓународната заедница да направи нешто за правата на жените и подобрувањето на нивната положба во Иран. Таа е осудена на смрт поради прељуба, но е ослободена од обвинението за убиство на нејзиниот сопруг. Човекот кој го уби нејзиниот сопруг е затворен, но не е осуден на смрт.