Италија:Уапсени 5 луѓе за проневера на европски пари

Италијанската полиција уапсила 5 луѓе осомничени дека проневериле државни пари и средства од Европските фондови. Полицијата привремено им одзела имот во вредност од 700 милиони евра, и тоа 7 компании за производство на маслинки, земјоделско земјиште со површина од 3.000 хектари , 2 хотели, 65 станови и 15 возила. Шефот на полицијата во Калабрија од каде се приведените, изјавил дека се сомневаат дека петмината со измама добиле пари од државата и од ЕУ но дека тие пари подоцна навистина ги вложиле во фирми за производство на маслинки и на маслиново масло.