Премиерот Груевски изјави дека не се размислува за прекин на преговорите за името, но Македонија е многу внимателна.
Нема да ги прекинеме преговорите за името со Грција, но сме многу внимателни за тие разговори, изјави денеска премиерот Никола Груевски, откако фрли лопата на поставувањето камен-темелник на две тениски игралишта во општина Карпош.
На денешната трибина на тема „Дали и зошто треба да се прекинат преговорите со Грција“, дел од македонските интелектуалци, побараа веднаш да се прекинат разговорите со Грција. Тие заклучија дека компромис не може да се постигне затоа што Македонија ништо не бара од Грција, а смената на името би значело капитулација.
По се погласните инсистирања за прекин на преговорите со Грција, пред се од македонската дијаспора, Груевски рече дека не размислува во оваа насока.
,,Па, јас не би рекол дека ние би оделе на прекин меѓутоа сме многу внимателни во тие разговори.“
Груевски вели дека Владата работи на тоа, да се направи што повеќе, за да се скрати времето за преговри по евентуалното добивање датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
,,Се работи на детектирање на добри поединци во тимот кој што би бил преговарачки и евентуално селектирање на главен преговарач кој што би дошол во моментот кога би ги започнале преговорите, а исто така и во делот на законодавството и други активности што треба да ги направи Владата се трудиме колку што е можно порано да ги направиме за да не бидеме во ситуација подоцна да ни се соберат многу работи кога ќе започнат преговорите и да губиме време, така што фокусирани сме на тоа.“
Премиерот Никола Груевски посочи дека, иако почетокот на преговорите со Унијата е одложен поради блокадата од Грција, Македонија не го губи времето.
,,Ние фактички се трудиме во овој период од работата што не очекува после добивањето на датум, да ја вршиме сега, нормално неможе се бидејќи има некои процеси кои едноставно неможат да се прескокнат меѓутоа еден значен дел може и тоа го правиме сега и го инкорпорираме самите во нашите програми.“
На поставувањето на камен-темелникот на тениските игралишта во Карпош, не присуствуваше градоначалникот на општина Карпош, од редовите на СДСМ, Стефчо Јакимовски. Тој вели дека владата не го поканила, иако директорот на Агенцијата за спорт и млади Диме Спасов, рече дека Јакимовски бил телефонски поканет на настанот.

Па, јас не би рекол дека ние би оделе на прекин меѓутоа сме многу внимателни во тие разговори
По се погласните инсистирања за прекин на преговорите со Грција, пред се од македонската дијаспора, Груевски рече дека не размислува во оваа насока.
,,Па, јас не би рекол дека ние би оделе на прекин меѓутоа сме многу внимателни во тие разговори.“
Груевски вели дека Владата работи на тоа, да се направи што повеќе, за да се скрати времето за преговри по евентуалното добивање датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Исто така и во делот на законодавството и други активности што треба да ги направи Владата се трудиме колку што е можно порано да ги направиме за да не бидеме во ситуација подоцна да ни се соберат многу работи кога ќе започнат преговорите и да губиме време