Иран ја одби понудата на Бразил

Од иранското Министерство за надворешни работи соопштуваат дек ја одбиваат понудата од претседателот на Бразил кој се понуди да и обезбеди азил на иранска жена осуден на смрт со каменување , а е обвинета за прељуба. Бразилскиот претседател Луиз Инацио Лула да Силва изјави дека Бразил ќе и даде азил на жената за понатаму тоа да не преставува проблем за Иран. Од Иранското министерство соопштиле дека чекорот на да Силва е хуман и чувствителен, но дека ја одбиваат понудата. Иран го одложи извршувањето на казната, по протестите од меѓународната зедница, но не се откажува од извршувањето на пресудата.