Уапсени напаѓачите на Панчиќ

Полицијата во Србија ги уапси напаѓачите на новинарот на неделникот Време и колумнистот на балканскиот сервис на Радио Слободна Европа Теофил Панчиќ. Уапсените на возраст од 18 и 19 години се во притвор. Новинарот Панчиќ во разговор за Слободна Европа вели дека полицијата може да ја работи својата работа кога политиката не се меша во тоа. Панчиќ беше претепан на 25 јули во градски автобус во Земун. Напаѓачите го претепале со метална шипка и му ненеле повреди по главата и рацете.