Во Трново се одржа 39-та Светска иселеничка средба. На средбата присуствувале многу Македонци кои времено живеат во странство. За нив Илинден е празник кој обединува. На собирот организаторите од Матицата на иселениците и Светскиот Македонски конгрес, освен на историјата на Македонија се осврнале и на спорот со Грција. На гостите им се обратил и вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски.