Дел од досегашните членови на опозицската партија во Мјанмар на лидерката Аунг Санг Су Чи денеска формирале нова партија. Изборите во Мјанмар треба да се одржат до крајот на годинава, но воената хунта се уште не соопштува кога точно ќе се гласа. Партијата Лига за дмократија на Су Чи победи на изборите во 1990-та , но хунтата ги оспорува изборите, затоа дел од членовите решиле да формираат нова партија која сега се вика Национални демократски сили. На чело на партијата е Тхан Нијоен кој беше член на извршниот комитет на Лигата за демократија. Аунг Санг Су Чи не се согасува со тоа што дел од членството на нејзината партија формира нова партија.