Претседателот на Киргистан Роза Отумбаева изјави дека земјата е на работ на граѓанска војна и дека и е потребна меѓународна помош за да се врати мирот. Таа ова го изјави во Ош каде има протести поради распоредување на полицајци на ОБСЕ. Ош и други градови во јужниот дел на земјата беа место на етнички насилства меѓу киргизите и узбеците во кои загинаа 300, а се раселени 75 илјади луѓе.