Штрајкот на камионџиите е катастрофа за туризмот во Грција

Над 100.000 Грци и туристи државјани се блокирани во Северна Грција поради продолжениот штрајк на сопствениците на камиони и цистерни, пишува во грчкиот весник „Експрес“.
Според хотелиерите, штрајкот му наштетил на туризот во северна Грција со оглед дека стотина илјади туристи од Балканот како и Грци од други делови на земјата се принудени да го продолжат престојот поради недостигот од бензин на бензинските пумпи заради штрајкот.
Туристичкиот углед на Грција е оцрнет, се жалат претставниците на секторот и посочуваат дека во изминатите денови откажани се 10 проценти од туристичките аранжмани кои вклучуваат сопствен превоз. Само во областа Пиерија од почетокот на неделава откажани се 25.000 резервации.