Пакистан разочаран од забелешките на Камерон

Пакистанскиот пратеник во Лондон, високиот комесар Ваџит Шамсул Хасан изрази разочарување откако британскиот премиер Дејвид Камерон вчера во Индија јавно го предупреди Пакистан да не афирмира, како што го рече, извоз на тероризам. Пакистанскиот дипломат изјави дека Камерон притоа ја игнорирал големата улога на Пакистан во војната против тероризмот. Тој исто така го обвини Камерон дека со оваа негова изјава ги намалил шансите за постигнување мир меѓу Пакистан и Индија.