Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун испрати писмо со соочуство до Пакистан, по авионската несреќа во која загинаа 152 луѓе. Во неговото соопштение се вели дека тој длабоко жали за загубата на човечките животи. Авионот кој се урна и припаѓал на приватната компанија Аир Блу и летал од Карачи до Исламабад. Причината за несреќата најверојатно се обилните врнежи од дожд и маглата.