Киригстан бара помош од над милијарда долари

Киргистан побара финаниска помош од 1,2 милијарди долари за обнова на земјата по неколкумесечните политички и етнички насилства. Овој апел беше уптен на денешната меѓународна донаторска конференција што се одржува во главниот град Бишкек. Судирите меѓу узбеците и киргизите во минатиот месец на југот на земјата однесоа над 300 човечки животи, а стотици илјади беа принудени да ги напуштат домовите.