По објавувањето на мислењето на Меѓународниот суд на правдата за Косово, деновиве Грција ќе започне дипломатска иницијатива за заемно прифатливо решение за косовскиот проблем, објави грчкиот весник „Етнос“. Според весникот, на вчерашната средба на шефовите на дипломатиите на Европската унија, грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас изјавил дека претставници на Грција наскоро ќе ги посетат Приштина и Белград. Друцас додал дека независно од одлуката на Судот во Хаг, Грција останува на својата досегашна позиција да не ја признава независноста на Косово.