По 536 предмети досега немало учебници

Учениците во Македонија досега изучувале 536 предмети за кои немало учебници. Министерот за образование Никола Тодоров изјави дека за следната учебна година за 300 од предметите ќе се подготват учебници. Министерот изјави дека се формираат авторски тимови кои треба да ги подготват учебниците за да може да се острани проблемот во образовниот систем.