Организацијата Репортери без граници денеска изрази загриженост за слободата на медиумите во Украина. Тие исто така се загрижени и за „тајните “договори меѓу власта и некои медиуми. Претходно, од Репортери без граници по неколкуте инциденти на физички напади врз новинари, цензура и политички притисок врз медиумите ја повика владата "да ја брани слободата на медиумите со повеќе енергија." САД изразија слична загриженост минатиот месец. И украинската организација за слобода на медиуми се пожали на цензура откако на власт дојде претседателот Виктор Јанаукович