Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу оцени дека Меѓународниот суд на правдата неможе да донесе негативно мислење за независноста на Косово, бидејќи има многу силни аргументи. Како што пренесуваат косовските медиуми, косовскиот претседател констатираше дека независноста е неповратен процес и потсети дека Косово го признале 69 држави во светот. Сејдиу очекува по мислењето на Меѓународниот суд на правдата да се зголеми бројот на признавања