Апелацискиот совет на Хашкиот трибунал денеска ќе изрече правосилна пресуда за поранешниот претседател на косовската влада и некогашен командант на ОВК Рамуш Харадинај и за неговите соработници Идриз Баљај и Љах Брахимај. Со првостепената пресуда, изречена во април 2008 година, Харадинај и второобвинетот Баљај беа ослободени од сите 37 точки во обвинителниот акт, што се однесуваа на злосторствата направени над Србите, Ромите и Албанците во околината на Дечани во 1998 година. Третообвинетиот Брахимај беше осуден на шест години затвор поради брутално однесување со заробените лица во логорот на ОВК во селото Јабланица.