Обама и Камерон го повикаа Иран да ги продолжи преговорите

Американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон по вчерашната средба во Вашингтон изјавија дека не е предоцна за постигнување мирно решение за проблемот со иранската нуклеарна програма. Сепак, тие истакнаа дека поради немањето напредок во преговорите со Техеран, двете земји остануваат определени за спроведување на новите санкции против Исламската република. Обама и Камерон го повикаа Иран да ги продолжи преговорите со меѓународната заедница без одлагање. Двајцата лидери вчера разговарале и за состојбата во Авганистан, за Блискиот исток, за течењето на нафтата во Мексиканскиот залив и за економски прашања.