Италијанскиот спелеонуркач Луиџи Касати денеска стигна до нова рекордна длабочина од 203 метри во десниот крак на подводната пештера Врело. Но од Спелеонуркачки клуб „Врело“, велат дека тоа не е крајната длабочина на пештерата. Касати лани стигна на длабочина до 190 метри во десниот крак на „Врело“. Годинава тој го истражуваше и левиот крак на пештерата, спуштајќи се на длабочина до 165 метри.