Турција :Решение за Кипар до крајот на годинава

Турцијa го подржува обединувањето на двете заедници на Кипар. Решението треба да се најде до крајот на годината, бидејќи преговорите не може да траат вечно, изјавил турскиот заменик премиер Џемил Чичек. Ако не се најде решение до крајот на 2010, секој може да си тргне по својот пат изјавил Чичек кој денеска присуствуваше на турскиот дел од Кипар каде се прославува годишнината од независноста. Грчката страна смета дека преговорите за ваква важна работа не треба да се ограничуваат со рокови.