Бајден: рано е за проценки за Авганистан

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден изјави дека е премногу рано да се суди дали бројот на американските војници во Авганистан е доволен. Според него, тој број нема да биде комплетиран до август и затоа е прерано да се прават проценки. Бајден, уште еднаш потврди дека во јули идната година ќе почне повлекувањето на американските сили од Авганистан.