Грчкиот новинар Сократис Гиолиас бил убиен изутринава во Атина, соопшти полиција. Убиството се случило кога, како што изјавила неговата сопруга, непознато лице заѕвонило на вратата на нивниот дом и му рекло на новинарот дека некој се обидува да му го украде автомобилот. Гиолиас се симнал на паркингот пред зградата, каде што непознати лица отвориле оган и го усмртиле со 20 куршуми. Напаѓачите потоа избегале со автомобил. Во тек е истрага за расветлување на убиството на 35 годишниот новинар.