Најмалку 11 луѓе загинале а 14 се повредени во автобуска несреќа во отцепениот грузиски регион Јужна Осетија, јавуваат руските агенции. Агенциите јавуваат дека автобусот со 25 патници кој се движел по пат на висока надморска височина паднал во провалија. Меѓу загинатите се и две деца.