ОН:Авганистанските власти треба сами да си ја водат земјата

Специјалниот преставник на ОН за Авганистан Стефан де Мистура изјавил дека на авганистанските власти треба да им биде дадена повеќе слобода да управуваат со земјата а напредокот на земјата да се мониторира на 6 месеци. Забелешките на преставникот на ОН доаѓаат пред одржувањето на меѓународниот состанок во Кабул на кој ќе присуствуваат претставници на 60 земји . На состанокот се очекува претседателот Хамид Карази да побара повеќе пари од меѓународната заедница за помош и развој на земјата. Од ОН велат дека сакаат да видат како властите во земјата преземаат поголема одговорност , бидејќи тие се избрани да ја водат земјата и затоа тие треба да направат напори и да се справат со проблемите и да му помогнат на сопствениот народ.