Според надлежните, економската криза е причина што странските инвеститори ја заобиколуваат Македонија. Експертите, пак, идентификуваат низа фактори поради кои Македонија не е на светската мапа за инвестиции.
Економската криза придонесе во Македонија лани да се реализираат околу 200 милиони долари странски инвестиции. И покрај поволностите во даночниот систем и стимулациите за привлекување на странски капитал, ниту неколкуте слободни економски зони не ги дадоа очекуваните ефекти.
Во Бунарџик се само Џонсон Контролс и Џонсон Мети, но затоа ги снема кинеско корејските инвеститори на Хајер и Тровју. Некои аналитичари велат дека е тоа политички реванш поради тајванската авантура на екс владата на Љубчо Георгиевски кога и се осмисли идејата за слободната зона Бунарџик и каде требаше да се слеат една милјарда ветени инвестиции од таа островска земја на Далечниот исток.
„Постоеше едно пролонгирање или одложување на инвестициите додека да има заздравување и заживување на економијата.“
Црвени ленти, лопати, најави... – инвестиции нема
Но, и покрај тоа се сечат ленти, се фрлат лопати се ангажираат економски промотори, продолжува кампањата „Инвестирајте воМакедонија“. Зошто странскиот капитал постојано ја заобиколува државава, ако во неа има добра бизнис клима, како што вели Виктор Мизо?
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции е оптимист. Како ќе се опоравува светската економија, така е возможно Македонија да се врати во мапата на економски дестинации:
„Пакетот на бенефиции во технолошко развојните зони е апсолутно транспарентен и во согласност со правилата и прописи за државна помош и европското законодавство, така што, не постои никаква можност некој да биде во подредена положба.“
Деновиве британските бизнисмени изјавија дека Косово е поинтересна зона за вложувања одошто Македонија иако земјата има кандидатски статус и со веќе формирани европски правила на игра.
Поповски: Нема инвестиции кога има корупција, лоша администрација и политичка нестабилност
Екс-министерот за финансии Никола Поповски посочува на четири клучни причини за евидентното заобиколување на странските инвеститори. Како прво општите услови за стопанисување кои се влошени, високата стапка на корупција, лошата администрација:
„Четврто има несигурна политичка атмосфера во Македонија. Постојано имаме мешање во судството на пример, постојано имаме штрајкувачи на улица.“
Златко Калеников, претседателот на Сојузот на Стопански комори во кој членуваат неколку стотици компании вели дека слободните царински зони би требало да бидат достапни за домашните производители што се извозно ориентирани.
„Многу малку поради оваа економска криза домашните инвеститори можат да насочуваат нови инвестиции во друга дејност.“
Калеников за Слободна Европа оценува зошто ги нема странците во Бунарџик
„Примерот со Шише Џам, тој е стратегиски инвеститор за нас, значи би произведувал стакло за сите фабрики во регионот. Тој не доаѓа кај нас, затоа што ние немаме гас.“
„Владата на Република Македонија освен што има желба да привлече странски инвеститори и инвестиции нема никаква друга основа за тоа да го оствари“, оценува универзитетскиот професор Никола Поповски.
Во Бунарџик се само Џонсон Контролс и Џонсон Мети, но затоа ги снема кинеско корејските инвеститори на Хајер и Тровју. Некои аналитичари велат дека е тоа политички реванш поради тајванската авантура на екс владата на Љубчо Георгиевски кога и се осмисли идејата за слободната зона Бунарџик и каде требаше да се слеат една милјарда ветени инвестиции од таа островска земја на Далечниот исток.
„Постоеше едно пролонгирање или одложување на инвестициите додека да има заздравување и заживување на економијата.“
Црвени ленти, лопати, најави... – инвестиции нема
Но, и покрај тоа се сечат ленти, се фрлат лопати се ангажираат економски промотори, продолжува кампањата „Инвестирајте во
Пакетот на бенефиции во технолошко развојните зони е апсолутно транспарентен и во согласност со правилата и прописи за државна помош и европското законодавство.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции е оптимист. Како ќе се опоравува светската економија, така е возможно Македонија да се врати во мапата на економски дестинации:
„Пакетот на бенефиции во технолошко развојните зони е апсолутно транспарентен и во согласност со правилата и прописи за државна помош и европското законодавство, така што, не постои никаква можност некој да биде во подредена положба.“
Деновиве британските бизнисмени изјавија дека Косово е поинтересна зона за вложувања одошто Македонија иако земјата има кандидатски статус и со веќе формирани европски правила на игра.
Поповски: Нема инвестиции кога има корупција, лоша администрација и политичка нестабилност
Екс-министерот за финансии Никола Поповски посочува на четири клучни причини за евидентното заобиколување на странските инвеститори. Како прво општите услови за стопанисување кои се влошени, високата стапка на корупција, лошата администрација:
Владата на Република Македонија освен што има желба да привлече странски инвеститори и инвестиции нема никаква друга основа за тоа да го
оствари.