Експлозија во центарот на Кабул

Најмалку 5 луѓе се повредени денеска во самоубиствен напад во центарот на авганисканскиот главен град Кабул. Очевидците на настанот велат дека бомбата била наменета за конвој на НАТО силите кој во тој момент поминувал низ центарот. Од Алијансата соопштиле дека немаат податоци за евентуални повредени од нивините сили. Нападот е на два дена пред одржувањето на меѓународниот самит на кој ќе присуствуваат преставници од 60 земји. На тој собир ќе се разговара за планот до 2014-та меѓународните сили да се повлечат и да им ја препуштат командата на авганистанските власти.