Апсења во Уганда за вмешаност во бомбашките напади

Полицијата во Уганда денеска уапсила 20 луѓе за кои постои сомневање дека се поврзани со бомбашките напади во Капмала, кои се случија во неделата, при што загинаа 76 луѓе. Полицијата соопштила дека сите уапсени се поврзани со сомалиската терористичка организација Ал Шабаб која ја презеде одговорноста за нападот. Меѓу уапсените има државјани на Сомалија, Етиопија, Уганда и Пакситан. Во меѓувреме и полицијата во Нигерија уапсила еден човек вмешан во нападите.