САД ја подржуваат мисијата на ОБСЕ во Киргистан

Американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг го подржал испраќањето на полицајци на ОБСЕ во Киргистан. Тој изјавил дека меѓународната полициска мисија ќе им помогне на властите , особено во пресрет на изборите, и ќе промовира брзо помирување меѓу двете страни во јужниот дел на Киргистан. Претходно и министерот за надворешни работи на Германија Гвидо Вестервеле ја подржа планираната мисија на ОБСЕ во Киргистан. Мисијата во Киргистан треба допрва да биде одобрена од земјите-членки на ОБСЕ