Претседателот на Долниот дом на канадскиот Парламент, Питер Миликен ја почнува тридневната посета на Србија. Миликен ќе има средби со премиерот на Србија Мирко Цветковиќ и со претседателката на Собранието Славица Ѓукиќ Дејановиќ. Целта на посетата е унапредување на односите меѓу Србија и Канада, а особено соработката меѓу парламентите на двете земји.