ЕУ ќе отпочне разговори за асоцијација со Грузија

Одговорната за надворешни работи на Европската Унија Катрин Ештон вели дека ЕУ ќе иницира разговори со Грузија за постигнување на асоцијација со која ќе се зајакнат односите меѓу двете земји. Ештон денеска имаше средба со грузискиот претседател Михаил Саакашвили. Ештон изјавила дека Спогодбата за асоцијација ќе придонесе за демократскиот развој на Грузија, за долгорочна стабилност и за просперитет. Саакашвили изјавил дека со предложените реформи ќе се создаде прва европска држава на Кавказот