Според власта, Уставниот суд понекогаш, освен законитоста во носењето на одлуките, оценува и други цели. Опозицијата, пак, критикува дека власта не ги почитува одлуките.
По укинувањето на актот што предвидуваше етничките заедници да учат македонски јазик од прво одделение, министерот за правда Михајло Маневски изјави дека обврска на владата е целосно да ги почитува одлуките на Уставниот Суд, но оти тоа не значи дека не би можело истите да се коментираат. Со оглед на тоа што во изминатиот период неколку одлуки на владата беа укинати од Уставниот суд, Маневски рече дека владата има служби кои водат сметка за законитоста на решенијата што се носат, но понекогаш не е во прашање законитоста на решенијата туку други цели.
„Прашање е понекогаш не само законитоста туку во некој случај и можеби се оди и подалеку, да се проценува целисходноста, или да се проценува одредена политичка ситуација во определен момент што практично се покажува како нецелисообразно. Одлуките на Уставниот суд ќе повторам уште еднаш се извршуваат, но не значи дека не можат да се коментираат и не значи дека не може да се критикуваат.“
На поинква линија размислува опозицијата. Владо Бучковски од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија изјави дека непочитувањето на одлуките на Уставниот суд треба да биде казнето. Тој потсетува дека неодамна, Судот ги укина последните измени на урбанистичкиот план на Мал Ринг, а тоа не се почитува.
„За овие четири години е јасно дека било каква одлука на Уставниот суд не придизвикува сериозна расправа во Владата и барање на политичка одговорност кај оние што на овој начин нанеле штета, која е и материјална штета во секој случај.“
Првата шанса за понесување материјална одговорност беше пропуштена во случајот со фискалните патриотски сметки за кој јавноста веќе подзаборави, смета Бучковски. По поништувањето на одлуката, а по поднесените трошоци на сите оние кои ги сменија фискалните сметки, пресметката беше дека е нанесена штета од околу 5 милиони евра.
Меѓу правните експерти, пак, преовладува мислењето дека нема простор за материјална одговорност во случај кога се укинуваат одредби, а политичката одговорност е релативна работа:
„Кога на еден орган повеќе пати му се случува да неговите акти се укинуваат, се поништуваат, може да се иницира постапка за негова политичка одговорност, а за конкретни случаи ако нема некоја друга политичка заднина зад тоа, сепак не е доволна причина, и не е доволен услов за да се бара политичка одговорност“, изјави професорот Осман Кадриу.
Дополнување на наставниот план во основно деветгодишно образование, Министерот за образование и наука го донесе во 2009 година. Ставот на владата е дека со оваа одлука требаше да се постигне повисоко ниво на интеграција. Албанскиот фактор во владата очекуваше повлекување на одлуката, а имаше и тензии околу учењето на македонскиот јазик кај останатите партии од албанскиот блок. Во меѓувреме, Деталниот урбанистички план за Мал Ринг, повторно се врати на разгледување пред советниците на општина Центар.
Прашање е понекогаш не само законитоста туку во некој случај и можеби се оди и подалеку, да се проценува целисходноста, или да се проценува одредена политичка ситуација во определен момент што практично се покажува како нецелисообразно. Одлуките на Уставниот суд ќе повторам уште еднаш се извршуваат, но незначи дека неможат да се коментираат. Кога еден орган повеќе пати значи му се случува да неговите акти се укинуваат, се поништуваат, може да се иницира постапка за негова политичка одговорност.