Не е можна дестабилизација

Пронајденото оружје кај Радуша кога во престрелка со полицијата беа убиени четири лица

Домашните експерти оценуваат дека заострувањето на реториката меѓу Косово и Србија, не може да влијаe врз сериозна дестабилизација на Македонија.
Нестабилноста на Косово може да биде причина за помали инциденти и во Македонија, но сериозна дестабилизација на земјава не е можна, велат домашните експерти за безбедност со кои разговаравме.

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи неодамна изјави дека ќе испрати специјалци во северниот дел на земјата што е под контрола на Србите. Српскиот претседател Борис Тадиќ ја оцени оваа изјава како отворена закана за војна. Преку соопшетние, Тадиќ порача дека, ако евентуално се спроведат таквите закни, „Косово ќе биде виновно за катастрофалните последици“.
Не постои реална можност да се отцепи дел од Република Македонија. Македонија ќе биде таква каква што е, само постои можност од определени изолирани инциденти.

Речиси истовремено, повторно се отворија идеите за размена на територии меѓу Косово и Србија.

Пензионираниот полковник Благоја Марковски вели дека границите на Балканот се завршена приказна. Тој вели дека Македонија не би требало да биде особено загрижена од заострувањето на реториката околу Косово.

Хисен Рамадани

„Не постои реална можност да се отцепи дел од Република Македонија. Македонија ќе биде таква каква што е, само постои можност од определени изолирани инциденти, па дури и вооружени инциденти кои нема битно да влијаат врз севкупната состојба ниту во Македонија, ниту во поширокиот регион.“

Аналитичарот Хисен Рамадани вели дека на Косово, одвреме-навреме ќе се појавуваат тензии и во наредниот период, но оти нема да има сериозно загрозување на безбедноста. Сепак, Македонија и Косово одат кон подобрување на односите и на политички и на економски план, а не кон затегнување, вели Рамадани.
Ние би се заштитиле со преземање на континуирани мерки како што беа претходните акции, доколку се појавата екстремистички групи да се преземаат мерки со цел нивна неутрализацијa

„Така да јас не очекувам некои поместувања големи од овие текови што ги оценувам како позитивни.“

Професор Стефан Буџаковски, пак, вели дека евентуалната дестабилизација на Косово сигурно би се проширила и на Македонија.

„Ние Македонија неможеме никако да ја изолираме од целокупните настани врзани за Косово и овие дестабилизирачки процеси последниве години.“

Тој препорачува полицијата да биде будна и навремено да презема мерки против ектремистичките групи кои би се појавиле во Македонија.

Апсење на припадници на движењето Самоопределување во Косово, на 12 јуни

„Ние би се заштитиле со преземање на континуирани мерки како што беа претходните акции, доколку се појавата екстремистички групи да се преземаат мерки со цел нивна неутрализација.“

Полковникот Благоја Марковски, пак, вели дека успешноста во справувањето со можните инциденти ќе зависи од умешноста на политиката на власта во Македонија.