Усвоен ребалансот на Буџетот

Пратениците во македонското Собрание денеска, по три дена расправа, го донесоа ребалансот на Буџетот за 2010 година. За ребалансот гласале 69 пратеници, а против него 14. Со ребалансот се намалуваат приходите за 4,8 милијарди денари или за 3,3 проценти, а расходите се намалени за 4,7 милијарди денари или за 3,1 проценти.