Не е исклучена можноста прашањата на северот на Косово да се реши со „цврста автономија“,изјавил францускиот амбасадор во Приштина Жан Франсоа Фито. Тој изјавил и дека за тоа имаат слух и косовските власти. Доколку Србија го прифати дијалогот за разгледување на сите релации меѓу двете земји, Косово ќе биде со сите постојани граници, а ќе има една културна и економска автономија на северот, но нема да има отцепување изјавил Фито.