Иако новата машина е ставена во функција, пред шалтерите на МВР за издавање на лични документи и натаму гужви и турканици.
Гужва и турканици пред шалтерите на Министерството за внатрешни работи за издавање на лични документи. Секојдневно редици од граѓани чекаат или да се фотографираат или пак да ги подигнат нивните готови биометриски пасоши или лични карти. Некои од нив се помириле со ситуацијата и залудно потрошеното време од неколку часа, но повеќе од нив нервозно реагираат и се прашуваат зошто процедурата неможе да биде поедноставна.
,,Чекаме што да правиме."
,,Ова е страшно."
,,Можеби треба да направат некако поедноставно."
Министерството за да се справи со метежот го зголеми капацитетот на повикувачкиот центар, аплицирањето за лични карти е преместено во поранешните простории на полициска станица „Беко“, а во просториите на управните служби се аплицира за пасоши. Одпрви јули е ставена во функција и новата машина за биометриски лични документи. Благодарение на неа двојно е зголемен капацитетот на нивното издавање, вели потпаролот на министерството Иво Котевски.
,,Со оглед на зголемувањето на капацитетот, МВР успева овој период да ги задоволи потребите односно да ги издава документите без никакво заостанување, а со оглед на тоа успеваме исто така и дел од заостанатите лични документи да бидатиздадени во овој период."
Според Котевски не само што нема заостанување на издавањето на лични документи, туку во иднина може да има и поместување на веќе закажаните термини за аплицирање за лична карти или пасош.
,,Во нарединот период ќе се размислува за изнаоѓање на начин за да им се презакаже на граѓаните кои веќе имаат доделено термин. Откако ќе биде сторено тоа се надеваме дека термините ќе бидат поместени нанапред."
Според податоците на МВР од април во минатата година до крајот на февруари оваа година издадени се околу 630 илјади лични карти и над 670 илјади пасоши.
,,Чекаме што да правиме."
Чекаме што да правиме
,,Ова е страшно."
,,Можеби треба да направат некако поедноставно."
Министерството за да се справи со метежот го зголеми капацитетот на повикувачкиот центар, аплицирањето за лични карти е преместено во поранешните простории на полициска станица „Беко“, а во просториите на управните служби се аплицира за пасоши. Од
Ова е страшно
,,Со оглед на зголемувањето на капацитетот, МВР успева овој период да ги задоволи потребите односно да ги издава документите без никакво заостанување, а со оглед на тоа успеваме исто така и дел од заостанатите лични документи да бидат
Со оглед на зголемувањето на капацитетот, МВР успева овој период да ги издава документите без никакво заостанувањe