Национален празник на Франција

Франција денеска го одбележува националниот празник во знак на сеќавање на денот кога во 1789 година во Париз народот го зазеде озлогласениот затвор Бастија, симболот на тогашната монархија. Тој ден се смета за почеток на Француската револуција, настан кој претставуваше пресвртница во европската историја.