Нова купола за спас на Мексиканскиот залив

Бритиш Петролеум започна со проектот на остранување на старата купола и поставување на нова која треба да го спречи истекувањето на нафта во Мексиканкиот залив. Постапката на замена на вентилите ќе трае од 4 до 7 дена. Во меѓувреме нафтата ќе тече во заливот. Се проценува дека дневно истекуваат околу 60 илјади барели нафта. Нафтената компанија е под голем притисок да го запре истекувањето на нафтата кое трае од 20 април годинава. Од истекувањето се загадени сите 5 американски држави кои се наоѓаат во Заливот.