Иванов: политичарите да се насочат кон стратешките цели

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска од Сараево упати апел до сите политички субјекти во државата да не трошат време и енергија за дневно-политички цели, туку да се фокусираат кон ЕУ и НАТО-интеграциите, бидејќи тие се стратешка цел. Иванов апелирал политчките субјекти да се воздржуваат од непотребни работи, бидејќи нивните активности и мерки ги следат оние кои подоцна даваат оценка за напредокот на Македонија кон стратешките цели. Пораката на Иванов е коментар за инцидентот што на 1 јули се случи во македонскиот Парламент.